Author : / Date : 09-08-2006 11:59
View or add comments : (11)
Average members rating : 0


Трајче Петрушевски е роден на 27 Декември, 1980. Неговите почетоци се во хип хоп културата која што ја открива како многу мал. Во 1997 година се приклучува на екипата „RHB“ и снима неколку демо траки кои што подоцна се пуштани на станиците „Канал 103“ и „А1“. Го открива „драм ен бејсот“ во 1999 и само по една година почнува да продуцира. Неговите две најдобри траки се ставени на дабплејт од страна на големиот Aphrodite во 2001 година. Истата година заедно со DJ Fluid го формираат „Tech Squad“ - организација посветена на ширењето на драм енд бејс звукот.

Има пуштано на настани и во клубови како:,Колосеум, Елемент, Аларм, Фјужон Фест, Про Артс Фест, Ла Фабрик, Процес, Jailhouse (Будимпешта, Унгарија), No & Chervilo (Софија, Бугарија), листата продолжува…
Некои од последните журки каде што има пуштано: Dieselboy (Human Imprint, САД), Roni Size & MC Tali (Full Cycle, Британија), ED209 (Mainframe, Австрија), Temper D (DOA), Midlow (Nowsound, Унгарија), HMSU Crew & Digital Nightmarez Crew (Софија, Бугарија), MC Wikluhsky (Bad Copy, Србија), Vicious Circle (Renegade Hardware, UK), Robyn Chaos (Freak Rec, UK)… Од неговите други ангажмани може да се спомнат емисиите Течна Кујна на Канал 103 и Драм Тајм на Топ ФМ радио во кои работеше како ко-водител. Тој истотака беше дел од редакцијата на списанието за урбана култура “Филтер”.

Неговиот стил може да се опише како „енергичен драм ен бејс со техно, хип хоп и ликвид влијанија“. Во поново време тој врти и њу скул брејкз, олд скул и абстракт хип хоп, никогаш незадржувајќи се само на еден музички правец.


Trajce Petrusevski was born on 27th of December, 1980. His beginnings are to be found in the hip-hop culture in which he has been involved from a very early age. In 1997 he joined “RHB“ crew and taped several demos which later would be broadcast on Kanal 103 and A1. He discovered drum and bass in 1999 and just one year later he started producing it. Two of his best tracks are released as dubplates in 2001 by the mighty Aphrodite. The same year he founded “Tech Squad“- an organization aiming to spread the drum n bass sound- together with DJ Fluid.

He performed on several events and in clubs like: Colosseum, Element, Alarm Fest, Pro Arts Fest, La Fabrique, Process, Jailhouse(Budapest, Hungary), No & Chervilo (Sofia, Bulgaria), and many more...

Some of his last performances were with: Diselboy (Human Imprint, USA), Roni Size & MC Tali (Full Cycle, UK) ED209 (Mainframe, Austria), Temper D (DOA), Midlow (Nowsound, Hungary), HMSU Crew & Digital Nightmarez Crew (Sofia, Bulgaria), MC WikluhSky (Bad Copy, Serbia), Vicious Circle (Renegade Hardware, UK), Robyn Chaos (Freak Rec, UK)... From his other enagagements it is worth mentioning the radio shows “Tecna Kujna“ on Kanal 103 and “Drum Time“ on Top Fm where he was working as co-presenter. He was also involved in “Filter“, a magazine for urban culture, where he published a lot of album reviews.

One can say that his style is “energetic drum and bass with techno, hip-hop and liquid influences”. Lately, he also spins also nu school breakz, old school and abstract hip-hop, never to settle down for just one music style.
Bookmark and Share
digitaldance.com.mkurbandance.com.mkkorzo.mkClubevents

-->
ClubbersguideClubbersguide Macedonia
clubbersguide stats