Marga Sol
Author : / Date : 30-03-2009 11:06
View or add comments : (0)
Average members rating : 0


Долгогодишен продуцент, музичар, артист зад кој стојат три издавачки куќи Diventa Music од Германија, Love2Lounge – Шпанија/Англија и Oasis Productions – Канада, издавачка куќа која го издаде нејзиниот последен соло албум “Beat Of The Old Bazar”. Marga Sol, добро позната на европската (светската) сцена како Pop Lounge и Chill артист, се најде на 30-40 тина познати chill компилации, меѓу кои и најпознатата последна компилација на SONY “Bar Classic Lounge – Late Night Edition” со својата трака “Poison & Passion”. Нејзиниот сингл (заедно со нејзин vocal house remix) ”Serenade” официјално е пуштен во продажба минатиот месец и веќе се наоѓа на 30-тото место во дигиталните download продавници. Ова издание содржи и 5-6 ремикси на истата трака од реномирани светски групи и dj-и.

Како Dj, кој максимално ужива во адреналинот предизвикан од публиката на нејзините уникатни house сетови, се занимава веќе 5-6 години, а своите почетоци ги бележи генерално низ клубовите во Албанија, a потоа низ градовите на Македонија и Србија. Позната е на скопскиот аудиториум подолго време како резидент Dj на кафе барот Алка, често вртејќи се и низ клубовите и кафичите во Велес, Куманово, Гевгелија...Позната по нејзините позитивни журки, умешно користи vocal, latin, funky и electro house елементи...Нејзини house сетови се објавувани на познати германски и француски радија, каде имаше и неколку месечна емисија!

Музиката е нејзин најголем порок уште од мали нозе, кога го доби најубавиот поклон „малиот Yamaha синтисајзер“ - главна причина да продолжи со приватни часови по клавир. Подоцна доби диплома по музичка продукција и рекординг и започна со полна пареа да работи во своето студио, каде ги реализира своите музички цели и идеи. Првите соло изданија уште 2004/05 година “Lounge music by Marga I“ и “Lounge music by Marga II“ се врзани со Austrian Airlines и изданието „Vibrations“ - спонзорирано од Скопско. Следеше албумот “Beat Of The Old Bazar” наменет за светскиот пазар и многубројните комплации...

Секојдневно живее и ужива во chill саундот, а house-oт е нејзината друга огнена половина, каде буквално Marga Sol откачува!!! Тогаш енергијата зема замав и дига огромна магла со висок напон и вжештена херцажа!!!
Bookmark and Share
digitaldance.com.mkurbandance.com.mkkorzo.mkClubevents

-->
ClubbersguideClubbersguide Macedonia
clubbersguide stats