Review
Author : uber_user / Date : 18-06-2007 11:32
View or add comments : (2)
Average members rating : 0
Oxia / Intus – Speicher 50

каталог: Komex#50
издавач: Kompakt Extra
формат: Винил, 12“
издадено: Мај 2007
стил: техно, тек-хаус, тек-транс, минимал

А1: Oxia – Not Sure (preview)
B1: Intus – Intus (preview)



50тото јубилејно издание на веќе легендарната дивизија на Kompakt наречена Kompakt Extra традиционално насловено како ‘Speicher 50’ ни го носи точно тоа на кое се навикнавме во последните 5 години. Уште од првите неколку изданија во веќе далечната 2002 стана јасно дека Kompakt Extra со невидена консистентност во квалитет на своите изданија третираат еден посебен жанр на длабока, но сепак подиумски ориентирана музика. Уште во сеќавање се некои од легендарните хитови на овој лејбл низ чија дискографија среќаваме ‘тешки’ имиња од рангот на The Orb, Michael Mayer, Reinhard Voigt, Gui Boratto, Superpitcher, Mathew Jonson, Oxia, John Dahlback, но и (барем своевремено) комплетно непознати а сепак квалитетни артисти а и анонимни алиаси на етаблирани продуценти кои ни донесоа висококвалитетни и меморабилни изданија меѓу кои и една од најпрепознатливите и највртени траки во 2006, Domino на Oxia.

Веројатно и заслужено, на ова 50то издание повторно го среќаваме истиот француски продуцент, овојпат придружено со апсолутно непознатиот ‘Intus’. Уште од првите триесетина секунди е јесно дека станува збор за уште една ‘Speicher’ класика како што мрачните и трансовидни бас-линии на А-страната се придружени со минималистични перкусии и широки и раскошни мелодии. Во стил на мегахитот ‘Domino’ и овојпат Oxia успева во правењето на високо-еклектична и крајно заразна денс-химна која за своето времетраење од некои 8 минути нема никого да остави рамнодушен, од домашните слушатели залегнати во фотељите до толпите во клубовите, прекрасна музика!

Б-страната е свиок во сосема друга насока каде што Intus на дислоцираните гитарски жици им придружува масовен но игрив, скоро R&B бас-звук и постепено си игра со цела плетора на ефекти создавајќи една не претерано пионерска но многу игрива композиција која сигурно ќе биде ценета од DJите кои знаат како да ја искористат.

Гледајќи го во целост слободно може да се каже дека ова издание ги исполнува веќе нехумано високите очекувања кои ги наметнува Kompakt Extra стандардот, и ја зацврстува репутацијата на издавачката куќа како институција кој не само што ги стимулира големите играчи на електронската сцена да го дадат најдоброто од себе, туку и овозможува на своите винили да се најдат и квалитетни траки на практично непознати имиња за чиј квалитет доволно говори и фактот што можат да делат една плоча со легендарните Kompakt продуценти.


[overall оцена: 8.5/10]
Bookmark and Share
digitaldance.com.mkurbandance.com.mkkorzo.mkClubevents

-->
ClubbersguideClubbersguide Macedonia
clubbersguide stats