Author : / Date : 04-12-2006 22:29
View or add comments : (10)
Average members rating : 0


Film director/Producer Бранко Костески, роден 1982 година, а првите искуства со филмот ги стекнува во средно училиште во филмската работилница *Ед Вуд* под менторство на неколку тогашни студенти на драмскиот факултет во Скопје. После средното училиште, оди на технолошки факултет, но согледува дека работата некако не оди и се отпишува. Продолжува во во Софија на Варненскиот Слободен Универзитет, отсек филмска и ТВ режија каде моментално е на постдипломски студии. Филмографијата се состои од повеќе краткометражни играни и докумантарни филмови од кои позначајни се: *Рака* (2001); *Проповедникот* (краткометражен документарен, 2002) и *Перверзија на моќта* (2004) со кој учествува на повеќе фастивали надвор од Македонија. Со електронската музика се среќава уште во петто одделение, кога ги запознава Members of Mayday, Marusha, и пред се култните The Prodigy кои се неговата прва љубов во електронската музика. Исто така се занимава и со продукција на електронска музика и има над 100 неиздадени траки (у фиока) и има пуштано во неколку помали (па и поголеми) клубови низ Софија. Преферира електро, тек-хаус, и електро брејкови.


Bookmark and Share
digitaldance.com.mkurbandance.com.mkkorzo.mkClubevents

-->
ClubbersguideClubbersguide Macedonia
clubbersguide stats