• 24.06.2006 Exit promo party @ Skopsko Lizgalishte

    General news   01-06-2006 09:00 by atko



    По низата одлични промотивни концерти што се случија во мај и почетокот на јуни во поголемите градови во регионот - Загреб, Љубљана, Бања Лука и Сараево, кампањата EXIT во движење финишира во Скопје со најголемата журка која досега ја има организирано EXIT во Македонија.

    Настапуваат одлични музичари, спој на она што е најдобро на локалната, регионалната и она што е најбарано на светската музичка сцена.

    На листата изведувачи кои ќе настапат на концертот во Скопје, најочекуван е настапот на најдобриот балкански електро - артист Кирил Џајковски кој ќе има сет во живо и на сцена ќе настапи со одличен жив бенд составен од најдобрите македонски студиски и етно - музичари.

    Иновативниот бенд Фолтин ќе го отвори концертот, а атмосферата ќе ја загрее најголемата српска live атракција Eyesburn кои имаат исклучително квалитетен настап во живо. Љубителите на добрата свирка ќе можат да ги видат и да ги чујат во живо единствените претставници на електро- поп правецот во Србија, Darkwood Dub чија што музика од последните албуми ги поминува сите географски граници и егзистира на едно космичко ниво, блиску до чистото совршенство.

    За крај следува вистинската доза на адреналин за сите почитувачи на електронскиoт звук. Енергијата на Dance арената од Нови Сад во Скопје ќе ја приближи артистот Jake Williams, попознат како Rex The Dog - една од најинтересните појави на модерната електронска сцена, докажан со хитот Prototype и со ремиксите на песни на Depeche Mode, Prodigy, Knife и др. Како загревање, пред сетот на Rex The Dog настапуваат диџеите Роботек од Македонија, Владимир Аќиќ, DEE FACE и хип - хоп артистот Марчело од соседна Србија.

    Повеќе информации на официјалниот сајт на ExitFest

    Comments : (1)

Expand / View headlines   Older News

Clubbersguide eventsClubbersguide forums
Clubbersguide
Clubbersguide Video









Recent comments

Event #2454 (frosi, 01-11)
Event #2451 (viclubber, 17-10)
Event #2450 (frosi, 16-10)
Event #2409 (frosi, 14-07)
Event #2409 (viclubber, 14-07)
Event #2409 (viclubber, 07-07)
Event #2409 (frosi, 05-07)
Event #2418 (viclubber, 05-07)
Event #2418 (viclubber, 29-06)
Event #2409 (viclubber, 29-06)
Event #2409 (frosi, 27-06)
Event #2409 (viclubber, 26-06)
Event #2409 (frosi, 26-06)
Event #2409 (viclubber, 26-06)
Event #2409 (frosi, 19-06)


 
[21-12 17:26] <bad_ass>: што бидна со Фанкермен
[21-12 18:07] <Liglalala>: prezakazan za 2013ta bez definitivna data
[22-12 00:54] <viclubber>: место него, дечките што одамна не настапувале во скопје ... нокаут! хахаха
[22-12 16:17] <Liglalala>: exactly :>
[02-01 03:01] <viclubber>: епа ај среќна нова, да сме живи и здрава и листата со евенти да не изгледа ко шо е сега, него да е попуна
[05-01 20:23] <viclubber>: https://www.facebook.com/questions/521777194519990/ - glasajte za MACEDONIA!
[09-01 19:20] <Iv@n>: е ајде само што ги боли кур промотерскиве куќи и клубови кај нас ние што сакаме, барем ќе знае Јорн каде има фанови
[10-01 08:14] <viclubber>: па на некого му е поинтересно да носи ТЕХНО-ФОЛК певаљки и да праи кино/јутјуб „забави“ од колку да праи вистински журки
[19-01 19:37] <viclubber>: апкаминг ивентс 4/4 психоделии
[10-03 21:32] <malibudenis>:

digitaldance.com.mkurbandance.com.mkkorzo.mkClubevents

-->
ClubbersguideClubbersguide Macedonia
clubbersguide stats